Кредитната активност се раздвижува, ризиците и натаму присутни

Bez autora
Aug 01 2013

Последните расположливи податоци заклучно со крајот на вториот квартал укажуваат на постепено раздвижување на кредитната активност, но и натаму постојат надолни ризици околу остварувањето на кредитниот раст проектиран за 2013 година. Ова е заклучено на седницата на советот на Народна банка на Република Македонија (НБРМ), одржана во четвртокот во Скопје. Воедно се истакнува дека во следниот период се очекува големо влијание врз динамиката на кредитната активност да имаат квалитетот на кредитното портфолио на банките, како и конзервативните стратегии на некои банкарски групации коишто со свои ќерки се присутни на домашниот пазар.

Кредитната активност се раздвижува, ризиците и натаму присутниПоследните расположливи податоци заклучно со крајот на вториот квартал укажуваат на постепено раздвижување на кредитната активност, но и натаму постојат надолни ризици околу остварувањето на кредитниот раст проектиран за 2013 година.

Ова е заклучено на седницата на советот на Народна банка на Република Македонија (НБРМ), одржана во четвртокот во Скопје.

Воедно се истакнува дека во следниот период се очекува големо влијание врз динамиката на кредитната активност да имаат квалитетот на кредитното портфолио на банките, како и конзервативните стратегии на некои банкарски групации коишто со свои ќерки се присутни на домашниот пазар.

Носител на кредитниот раст во првиот квартал од годината биле кредитите на домаќинствата и кредитите во денари, што соодветствува со трендот на „денаризација“ на депозитната база на банките.

Ваквиот тренд на побрз раст на денарските кредити продолжи и во вториот квартал од 2013 година.

Во наредниот период се очекува натамошно зголемување на кредитниот раст кон нефинансиските субјекти, под влијание на сигналите за закрепнување на домашната економија и очекувањата за постабилен амбиент.

Промените во оперативната рамка на монетарната политика на Народната банка, како и дополнителните промени коишто Народната банка ги направи кај задолжителната резерва во првата половина од 2013 година, се во прилог на ваквото очекување за наредниот период.

Во првиот квартал од 2013 година, се зголеми  кредитниот ризик кај банките, пред се поради ризиците коишто доаѓаат од корпоративниот сектор. Растот на нефункционалните кредити забрза, при што нивното учество во вкупните кредити достигна 11,9% на 31.3.2013 година, информираат од централната банка.

Воедно уверуваат дека се уште постои целосна покриеност на нефункционалните кредити со вкупната пресметана исправка на вредноста, што ги ублажува последиците од забрзувањето на растот на овие кредити.

Исто така, високата капитализираност на банкарскиот систем овозможува и при хипотетичка целосна ненаплатливост на нефункционалните кредити, да не биде загрозена адекватноста на капиталот, ниту на ниво на банкарскиот систем, ниту по поединечна банка.

Ликвидноста на банкарскиот сектор е стабилна и на високо ниво, што се должи на постојаниот раст на ликвидните средства. Високата покриеност на депозитите на населението и краткорочните обврски на банките со ликвидни средства е значаен столб за сигурноста и стабилноста на банкарскиот систем, што се потврдува и со спроведените стрес-тестирања на отпорноста на банкарскиот систем на ликвидносни шокови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik